Поднесете онлајн претставка до Инспекцискиот совет


Во согласност со член 18, став (1), точка 19, од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019), Инспекцискиот совет: „постапува по претставки од физички или правни лица, поврзани со работата на инспекторите, инспекциските служби и/или субјектите на инспекциски надзор“. Во овој контекст, како претставка се смета и секој предлог односно иницијатива за вршење на инспекциски надзор.

Сакаме да Ви укажеме дека во согласност со член 2, став (2) од Законот за инспекциски надзор, Инспекцискиот совет има надлежност која се однесува на инспекциските служби од централната власт, но, не и на инспекциските служби од локалната власт. Затоа, доколку Вашата претставка е поврзана со работата на општинските инспектори и инспекциските служби организирани во рамките на единиците на локалната самоуправа, Ве молиме истата да ја доставите до соодветната општинска администрација.

Преку оваа веб услуга, Ви нудиме можноствашата претставка да ја поднесете онлајн. Ве молиме при одговарањето на поставените прашања да дадете точни и исцрпни одговори, со што ќе ни овозможите на најбрз и најефикасен начин да постапиме по вашата претставка.

Инспекцискиот совет обезбедува целосна доверливост на сите информации, а податоците кои ќе ги поднесете ќе бидат искористени исклучиво за потребите на постапувањето по вашата претставка и ниту за една друга цел.

Интернет страната е сеуште во изработка и до целосна функционалност, претставките и предлозите можат да се доставуваат директно до Инспекцискиот совет на ул. „Даме Груев“ бр. 3, блок 2, локал 5 во Скопје.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk