02 3121 077

ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување;

Со работа започна 16.05 2005 година;

Дирекцијата е самостоен орган на државната управа;

Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи;

Составена е од 4 сектори со 11 одделенија, 4 независни одделенија и 35 подрачни одделенија за заштита и спасување;

Директор на Дирекцијата за заштита и спасување е м-р Шабан Салиу;

Заштитата и спасувањето на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна и воена состојба, се уредени со Законот за заштита и спасување и тоа како единствен систем за заштита и спасување.