02 3121 077

ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ

Државниот пазарен инспекторат, како орган во состав на Министерството за економија, со својство на правно лице, своето работење го заснова врз одредбите на Законот за државен пазарен инспекторат, со кој се уредуваат неговите надлежности и овластувања, како и повеќе посебни закони и подзаконски акти. Активностите на Државниот пазарен инспекторат се остваруваат ореку редовни инспекциски надзори кај правни и физички лица и други субјекти кои стопанисуваат на територијата на Република Македонија. Се постапува и по претставки од граѓани и други субјекти, а се организираат и координирани акции на ниво на Инспекторатот и во соработка со други институции, надлежни за спроведуваое на закони од областа на надзор на пазарот.

Надзорот врз работењето на субјектите е директно поврзан со обврската за примена на законската регулатива и правата на граѓаните како потрошувачи на материјални добра и услуги. Целта на надзорот на пазарот е да се осигура дека условите кои се дадени во домашното законодавство, кое во најголем дел е хармонизирано со европското, правилно и доследно се применуваат и создаваат здрав внатрешен оазар.

Приоритети врз основа на кои Државниот пазарен инспекторат ја темели и во иднина ќе ја темели концепцијата на своето функционирање:

  • Обезбедување на остварувањето на правата на потрошувачите,
  • Еднакви услови за стопанисување,
  • Сузбивање на сивата економија,
  • Заштита на правата од индустриска сопственост, што подразбира борба против пиратеријата и фалсификуваоето на познати трговски марки, Безбедноста на производите кога се пуштаат на пазарот, ставаат
  • во употреба или се употребуваат