02 3121 077

ДРЖАВЕН УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

Државниот Управен Инспекторат како орган во состав на Министерството, ги врши работите во врска со инспекцискиот надзор над примената на Законот за општата управна постапка и другите закони и прописи што содржат одредби за управната постапка и извршувањето на прописите за канцелариското работење, со цел за ефикасно и ажурно остварување на правата и интересите на граѓаните и другите учесници во управната постапка во решавањето на управните работи.

Работите од делокругот на Државниот управен инспекторат се извршуваат преку Сектор за инспекциски надзор и четири одделенија:

  1. Одделение за вршење инспекциски надзор во органите на државната управа во Скопје: Кисела Вода, Газибаба, Карпош, Чаир, Центар, Куманово, Крива Паланка и Кратово.
  2. Одделение за вршење инспекциски надзор во органите на државната управа во Струмица: Гевгелија, Радовиш, Валандово, Штип, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Свети Николе и Пробиштип;
  3. Одделение за вршење инспекциски надзор во органите на државната управа во Битола: Велес, Кавадарци, Неготино, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Охрид и Ресен;
  4. Одделение за вршење инспекциски надзор во органите на државната управа во Гостивар: Тетово, Кичево и Македонски Брод, Струга и Дебар.

Во одделенијата се вршат работите на:

  • Инспекциски надзор во однос на: постапувањето во пропишаните рокови во првостепената и второстепената управна постапка; навременото вклучување на заинтересираните странки во управната постапка заради заштита на нивните права и интереси; обезбедувањето на докази по службена должност од службената евиденција што ја води органот надлежен за решавање или друг орган, организација, установите, други правни лица и институциите што имаат јавни овластувања; извршувањето на правосилните управни акти; трошоците во управната постапка; давање правна помош на граѓаните и другите учесници во управната постапка; примање на поднесоците; издавањето на уверенија и други јавни исправи за одредени факти од службената евиденција; стручна подготовка на службениците што работат на управните работи; доставувањето на управните акти и другите писмена; спроведување на мерките на надлежните органи за подобрување на работата при решавањето на управните работи; водење на евиденција на предметите; примање и прегледување на поштата; заведување на актите; доставување на актите во работа; административно-техничко обработување на актите; експедирање на пошта; враќањето, разведувањето на актите и нивно архивирање; и евиденцијата, ракувањето и употребата на печатите и штембилите.
  • Инспекцискиот надзор се врши во органите на државната управа, како и во другите органи, организации, установи и институции кои имаат јавни овластувања.
  • Инспекциски надзор во однос на извршувањето на прописите на канцелариското работење се врши и во стручните служби на основните судови, апелационите судови и Врховниот суд на Република Македонија, јавното обвинителство, Народниот правобранител, Уставниот суд на Република Македонија, Републичкиот судски совет, Нотаријатите, стручната служба на Собранието на Република Македонија, стручната служба на Владата на Република Македонија, во единицата на локалната самоуправа и градот Скопје.

НАДЛЕЖНОСТИ НА ДРЖАВНИОТ УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

Органограм на органите над кои Државниот управен инспекторат врши надзор Органограм на инспекторати и инспекциски служби

Согласно со член 2 од Законот за управната инспекција, Државниот управен инспекторат е е надлежен да врши надзор над примената на Законот за општата управна постапка и другите закони што содржат одредби за управната постапка, при што посебно се нагласува надзорот на:

  • Навремено, економично и ефикасно остварување на правата и интересите на граѓаните и другите учесници во управната постапка во решавањето на управните работи;
  • Постапување во пропишаните рокови во првостепената и второстепената управна постапка, како и во роковите определени со акти на судските органи;
  • Вклучување на заинтересираните странки во управната постапка заради заштита на нивните интереси;
  • Обезбедување на докази по службена должност од службената евиденција што ја води органот надлежен за решавање, друг државен орган, правни и други лица кои имаат јавни овластувања, општините и градот Скопје;
  • Извршување на правосилните управни акти;
  • Наплата на трошоците во управната постапка;
  • Примањето на поднесоци;
  • Издавањето на уверенија и други јавни исправи за одредени факти од службената евиденција;
  • Стручна подготовка на државните службеници и вработените кои преземаат дејствија во управната постапка;
  • Доставувањето на управните акти и други писмена;
  • Начинот на однесувањето и работењето на државните службеници и вработените, со цел да се обезбеди почитување на принципите на законитост, професионален интегритет, ефикасност, одговорност и лојалност при вршењето на нивните службени должности;
  • Спроведување на мерки на надлежните органи за подобрување на работата при решавањето на управните работи;
  • Употребата на јазиците на странката на управната постапка;
  • Правната помош меѓу органите и другите учесници во управната постапка и
  • Други работи утврдени со Законот за општата управна постапка и дргугите закони.

Управната инспекција врши надзор и над извршувањето на прописите за канцелариското работење.