02 3121 077

ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРАНСПОРТ

Државниот инспекторат за транспорт врши инспекциски надзор во областа на патиштата, патниот сообраќај и режимот на сообраќајот на јавните патишта, железницата, железничкиот сообраќај и други видови на транспорт и инфраструктурата која е неопходна за вршење на транспортот (жичари и ски-лифтови и слично). Инспекторатот врши непосреден увид во придржувањето кон законите и другите прописи за кои е надлежен и се преземаат управни и други мерки согласно законските овластувања.