02 3121 077

УПРАВА ЗА СИГУРНОСТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СИСТЕМ

За извршување на работите што се однесуваат на сигурноста во железницата се формира Управа за сигурност во железничкиот систем, како орган во состав на Министерството за транспорт и врски.

Надлежности што ги врши Управа за сигурност во железничкиот систем:

  • издава потврда за пуштање во употреба на структурните потсистеми кои го сочинуваат железничкиот систем во согласност со закон, врши проверка на системот дека функционира и се одржува во согласност со релевантните основни барања;
  • врши надзор на составните делови на интеропаребилност кои се во согласност со основните барања согласно со закон;
  • издава потврда за пуштање во употреба на ново и значително изменето железничко возило кое сè уште не е во согласност со техничките спецификации за интероперабилност;
  • издава, обновува, дополнува и повлекува сертификат за сигурност и одобрение за сигурност, издадени согласно со закон и проверува дека условите и барањата се исполнети;
  • предлага измени на прописите од областа за сигурноста на железничкиот систем;
  • врши надзор над железничките возила дека се регистрирани во Националниот регистар за железнички возила и дека информациите за сигурност што ги содржи регистарот се точни и ажурирани.