Во последните седум дена инспекциските служби извршија 5.687 надзори и контроли, затворени се три угостителски објекти


Во периодот од 18-ти до 24-ти јануари Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.687 надзори и контроли.

Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 18ти до 24ти јануари изврши 87 надзори, врз основа на кои изрече 10 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 2547 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД 19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, со што продолжува трендот на опаѓање на бројот на издадени решенија за изолација.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.253 контроли и 643 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали;Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.
При спроведените надзори, изречени се 22 прекршочни пријави и 108 решенија за констатираните неправилности, како и 55 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 3 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 1 угостителски објекти во Скопје, Гостивар и Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.

Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 35 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3-прекршочни пријави и 5 решение. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања , односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 367 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 11 решенија поради непочитување на материјалните закони од областа на работните односи.Во однос на Законот за заштита на населението од заразни билести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, во текот на минатата недела трудовите инспектори не констатирале неправилности, односно непочитување на Протоколот.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 14 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите во 2 случаи се констатирани неправилности по Законот за лековите и медицинските средства за што се издадени 2 решенија.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 250 надзори, при што издадени се 14 решенија и26 едукации, по основ на небезбеден производ, неводење на записи за ДХП,неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи .

Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 38 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа10 решенија согласно Законот за водите и Законот за управување со отпад и Законот за животната средина.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk