Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата


 

Инспекцискиот Сoвет заедно со инспекциксите служби, Министерство за информатичко општество и администрација, меѓународнини донатори и секако со директна поддршка од Владата и Вицепремиерот Николовски  интензивно работеше на разивање на системот е-инспектор со кој треба да се поддржат сите активности од постапките во инспекциските служби, да се дигитализира работа на инспекторите и да се обезбеди директен електронски пристап до податоците кои се неопходни во инспекциската постапка од различни државни инситуции , како на пример Централен регистар, Агенција за вработуваљње , Царинска управа.

Со  дигитализацијата на  инспекциската постапка всушност се воведуваат новини особено во фазата на  планирањето на надзорите, односно каде и кога ќе се врши надзорот, но исто така се обезбедува и автоматко генерирање на записниците и решенијата кои произлегуваат  од оваа постапка.

За да може сето ова да функцинира беше неопходно да се изготват голем број на документи кои произледуваат од Законот за инспекциаки надзор а тоа се:

– повеќе од 200 Листи за проверка ( Чек листи) кои задолжително ќе се користат при редовните надзори, како и

– 28 Методологиите за процена на ризик ,  во кои се утврдени критериумите за определнување на степенот на ризик на субјектите на надзор во однос на почитување / непочитување на законските обврски.

На овој начин, во иднина, со полнење на базата на податоци со информации за субјектите на надзор добиени од претходните надзори, во смисла дали и кои законски обврски ги исполниле или не ги исполниле, системот ќе биде во можност да ги класифицира субјектите на надзор на високо, средно и ниско ризични субјекти и во зависност од степенот на ризик соодветно автоматски ќе се планираат надзорите.

Со Е-Инспектор се прават промени и при  распределбата на надозорите, односно распределбата на надзорите/предметите до инспекторите ќе биде исто така автоматизирана и ќе се врши согласно одредени критериуми  како што се обемот, сложеноста и тежината на надзорот, и  нивото и искуството на инспекторите.

Исто така, преку овој софтвер и неговото приклучување кон платформата за интероперабилност, инспекторите  ќе можат лесно и брзо да ги добијат сите податоци од другите институции кои им се неопходни за да можат квалитетно и навремено да ја спроведат и завршат инспекциската постапака, со што ќе се намали и притисокот кон стопанствениците во однос на обезбедувањето на потребните податоци.

Овој софтвер за почеток ќе го користат 3-те инспекциски служби кои имаат најголем број на субјекти на надзор и од приватниот, но и од јавниот  сектор, а тоа се пазарната, трудовата и управната инспекција. До крајот на годинава  вонредните надозри кои ќе се вршат од страна на овие 3 инс служби  ќе бидат водени преку системот Е-Инспектор, а веќе од јануари 2022 , откако ќе се донесат годишните планови за работа за 2022 и месечни планови за работа за јануари 2022, инспекторите ќе отпочнат да ги водат и редовните надзори преку овој систем.

Овие инспекторати веќе располагаат со соодветна хардверска опрема/лаптопи за сите инспектори, кои се обезбедија преку меѓуинституционална соработка на Инспекциски совет и Државниот завод за статистика.

Во 2022 година ќе се отпочне со доразвивање на софтверот со цел да се овозможи пристап и на уште 13 државни инспекторати, а за  2023 година се планира пристап и за сите преостанати инспекциски служби.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk