Испит за лиценца за инспектор


Календар за општ дел за испит


Почитувани кандидати за инспектори, со цел најдобро да го испланирате своето време, во овој дел од веб страницата можете да го погледнете распоредот за полагање на двата дела од испитот за стекнување со лиценца за инспектор. Општиот дел од испитот се полага во првата сесија, по завршување на тримесечната интерактивна обука на кандидатите за инспектори избрани преку постапка за вработување и кандидатите за инспектори вработени преку постапка за превземање на административен службеник.

Календар за практичен дел за испит


Практичниот дел од испитот се полага во првата закажана испитна сесија, по завршување на девет месечната практична работа и обука на работно место, под надзор на ментор во инспекциската служба каде е вработен кандидатот за инспектор, избран преку постапка за вработување, постапка за преземање на административен службеник и постапка за преземање на инспектор од една во друга инспекциска служба. Внимание: Доколку не го положите испитот за лиценца за инспектор имате право да полагате уште еднаш во првата наредна испитна сесија. Но, доколку и по втор пат не го положите испитот за лиценца за инспектор, тогаш ви престанува вработувањето во инспекциската служба.

Програма за испит


Согласно член 43 од Законот, испитот за стекнување со лиценца за инспектор се состои од општ и практичен дел и се полага според Програма за испит за лиценца – општ дел, која ја донесува Советот и Програма за испит за лиценца – практичен дел, што ја донесува раководителот на инспекциската служба. Подолу можете да ги погледнете соодветните програми за испит за лиценца, со цел да се запознаете со содржините и темите кои треба да ги совладате пред да го полагате испитот. Програмите за деветмесечната практична работа и обука на работното место, под надзор на ментор ги донесуваат раководителите на соодветните инспекциски служби.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk