Одржана средба помеѓу Инспекцискиот совет и Европската банка за обнова и развој
На 24.03.2022 во просториите на Инспекцискиот совет се одржа иницијална средба за отпочнување на третата фаза од соработката со ЕБРД, преку реализација на Проектот – Е-инспектор – продолжување на поддршката на инспекциските реформи во Северна Македонија.
На средбата присуствуваа претседателката Магдалена Филиповска Грашкоска, членовите на Инспекцискиот совет и оперативниот лидер и проектен менаџер Ендрита Џаферај од канцеларијата на ЕБРД во Тирана, Албанија.
На состанокот се нагласи досегашната двогодиша успешна соработа помеѓу ЕБРД и Инспекцискиот совет, постигнатите резултати, како и предвидените цели и активности во рамки на новиот проект. Со проектот е предвидено изработување на 13 нови модули за дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и надзор за 13 инспекциски служби, што ќе помогне во насока на подобрување на транспарентноста и намалување на шансите за корупција. За проектот се предвидени 18 месеци за реалзиација.