Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Инспекциски совет, Државен управен инспекторат и Инспекторат за употреба на јзиците


На ден 24.02.2021 година, во просториите на Инспекциски совет, членот Јулијана Силјановска, по овластување на претседателот на Инспекциски совет, г-ѓа Кети Василеска, в.д. директорка на Државениот управен инспекторат и г.Фатмир Исени, директор на Инспекторатот за употреба на јзиците потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Инспекциски совет, Државен управен инспекторат и Инспекторат за употреба на јзиците.

Целта на овој Меморандум за соработка е обезбедување на стручна поддршка од страна на ДУИ, во исполнувањето на обврските на ИУЈ за спроведување на деветмесечната практична работа и обука на работно место, за стекнување на лиценца за инспектор, за кандидатите за инспектори за надзор над употребата на јазиците, под надзор на ментор.

Улогата на Инспекциски совет е мониторинг над спроведувањето на активностите предвидени со овој Меморандум за соработка.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk