Примопредавање на функцијата Претседател на Инспекциски Совет
Во просториите на Инспекцискиот совет денес беше извршено примопредавање на должноста претседател на Инспекциски совет.
Новата в.д. претседателка Даниела Рендевска, досегашен генерален секретар на Инспекциски совет, ја презеде функцијата од Магдалена Филиповска Грашкоска, која беше претседателка на Инспекцискиот совет од август 2017 година.