Успешна соработка помеѓу Инспекцискиот совет и Европската банка за обнова и развој


Соработката помеѓу Инспекцискиот совет и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) започна во ноември 2019 година со отпочнување на реализација на Проектот – Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциите во Република Северна Македонија.

Целта за отпочнување на оваа соработка беше потребата за олеснување на имплементацијата на новото усвоено законодавство (Законот за инспекциски надзор и подзаконските акти кои произлегуваат од него), а во функција на поддршка на реформата на инспекцискиот систем во земјата, како и  подобрување на ефикасноста и координацијата на инспекциските служби под надлежност на Инспекцискиот совет, со крајна цел намалување на товарот и трошоците за деловните субјекти.

Во рамки на првата фаза од Проектот, која заврши заклучно со декември 2020 година, се реализираа следните активности:

  • се изработија 90 листи за проверка – дел од постапката за спроведување на редовен инспекциски надзор, како и уште 90 листи за проверка изработени од страна на инспекциските служби но во рамки на проектната поддршка;
  • се изработија 15 Методологии за проценка на ризик за 15 – те инспекторати – дел од постапката за планирање на инспекцискиот надзор;
  • се изработија тренинг наставни програми, за обука на кандидатите за инспектори и професионално усовршување на инспекторите, согласно програмите кои ги донесува Инспекцискиот совет и сите материјали се преведоа и на албански јазик;
  • се креираше ЛМС платформа за електронско учење за кандидатите за инспектори и постојните инспектори;
  • се изработија осум електронски обуки кои беа поставени на платформата за потребите на кандидатите и инспекторите;
  • се изработи база на испитни прашања за полагање на испитот за стекнување на статус на инспектор;
  • се подобри и надгради веб страницата на Инспекцискиот совет;
  • се изврши обука за обучувачи на триесет инспектори кои се дел од Ростер листата за обучувачи инспектори и
  • се одржаа голем број на обуки за инспекторите.

Втората фаза од Проектот, која започна во декември 2020 година, а со реализација треба да заврши во декември 2021 година, преставува продолжување на веќе започнатите процеси и активности од првата фаза. Согласно новонастаната состојба со Ковид вирусот, каде како можност беше исклучено одржувањето на обуките за кандидатите и на инспекторите на класичен начин во училница, поради што единствена можност во изминатиот период беше одржување на обуките online преку ЛМС системот. Новите околности наметнаа потреба од електронско доразвивање на веќе подготвените наставни програми и нивно адаптирање за обука преку ЛМС системот.

Така, во рамки на оваа фаза реализирани се следните активности:

  • преадаптирани/ажурирани осумте постоечки пакети за обука (согласно Програмата за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор);
  • развиени на 11 нови пакети за обука согласно Програмата за генерички обуки за постојните инспектори (напредна програма/напредно ниво);
  • подготвените наставни програми (8+11) се преведени на албански јазик;
  • изработени се 13 методологии за проценка на ризик за 13-те преостанати инспекциски служби;
  • изработени се 8 (интерактивни) + 11 (генерички) SCORM курсеви за самоучење на македонски и албански јазик, кои се поставени на ЛМС платформата.

Со оглед дека ЕБРД ја препозна сериозноста на нашата држава и на Инспекцискиот совет во поглед на неговата целосна вклученост и желба за што побрзо финализирање на веќе започнатите реформски процеси за целосно електронизирање на инспекциската постапка, во завршна фаза се преговорите за продолжување на Проектот, односно започнување на третата фаза – Проширување на поддршката за инспекциските реформи во Република Северна Македонија – Изработка на модули за е-инспектор за спроведување на инспекцискиот надзор за 13 инспекциски служби.

Целта на третото продолжување на соработката е всушност воспоставување на ефективен механизам за контрола со кој ќе се намали секое субјективно влијание на инспекторите при вршењето на нивните контроли, односно при спроведување на инспекцискиот надзор.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk