Во последните седум дена инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки


По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на коронавирусот, седумтте инспекциски служби во изминатите денови спроведоа вкупно 6.038 надзори и контроли.

Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:Државниот здравствен и санитарен инспекторатод 05-ти март до 11-ти априлизврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11962решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали;Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.
При спроведените надзори, изречени се 25 прекршочни пријави и 107 решенија за констатираните неправилности, како и 67 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 3 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 1 угостителски објект во Струга, Гостивар и Битола, во кои не се почитувале мерките за забрана за прием на гости. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози. Oд 1-ви март до сега, вклучително со последниве податоци, од страна на ДПИ, затворени се вкупно 36 угостителски објекти, поради прекршување на здравствените протоколи и закони, односно поради организирање на свадби, прослави, настани, непочитување на број на присутни и групирања. За сите затвoрањa се доставени и прекршочни платни налози во зависнот од големината на субјектот.

Во периодот од 29ти до 04ти Април, Инспекторат за транспорт изврши 52 надзори, при што изречени се: 14-прекршочни пријави и 3 решенија. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколите за превоз на патници, во текот на минатата недела констатирани се неправилности во однос на Протоколот за меѓународен превоз на ппатници и тоа на граничниот премин Табановце , за што се поднесени 3 Прекршочни пријави.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 397 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 22 решенија. Од вкупниот број на решенија, 19 решенија се донесени поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително изречени се и 2 ППН за 2 вработени лица поради неносење лична заштитна на лицето спротивно чл.28 ст.6 т.1 од Закон за заштита на населението од заразни болести Скопје.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 13 надзори во аптеки и при истите не се констатирани неправилности.
Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 229 надзори по Закон за заштита на населението од заразни болести и по Закон за безбедност на храна, при што издадени се 9 решенија и 14 едукации, по основ на небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање, чување и означување на производи ,неводење на записи за ДПП/ДХП,.

Државниот инспекторат за животна средина изврши 43 надзори, при што за утврдените неправилности издадени се 7 Решенија. Со 2 решенија се наредува на правни лица да извршат мерење на емисии во воздух и води, 4 решенија се однесуваат на јавни комунални претпријатија кои се задолжени да применат минимални технички услови на непрописните депонии на кои го одлагаат отпадот и со 1 решение издадена е забрана за производство на електрична енергија додека да се постигне кота на езерото што ќе овозможи користење на вода за наводнување на земјоделските површини во регионот.

Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли и надзори на терен, и со санкционирање на сите оние кои ги прекршуваат здравствените протоколи и мерки. Почитувањето на здравствените протоколи и мерки е клучно за заштита на јавното здравје и надминување на оваа здравствена криза, и затоа нема компромис кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните, односно, секој кој нема да ги почитува мерките ќе сноси одговорност!

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk