Остварена средба со Агенцијата за надзор на пазарот на БИХ


На ден 26.04.2023 година во работна посета на Инспекцискиот совет беа претставници од  Агенцијата за надзор на пазарот на БИХ- Едуард Шакота, заменик директор, Самир Бекто, помошник директор и Младен Батковиќ, стручен соработник за опрема под притисок, кои остварија средба со Даниела Рендевска, Претседателката на Инспекцискиот совет и надлежниот член од Област 1 Игор Вељаноски.
На средбата беа присутни и претставници од Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија.
На средбата гостите од БИХ ги запознаа присутните за работата на Агенцијата и нејзините активности во врска со надзорот на пазарот во БИХ, начинот на вршење на инспекцискиот надзор според законските прописи на БИХ и статусот на инспекторите. Од страна на Претседателката Рендевска и членот на Инспекцискиот совет Вељаноски, беше истакната важноста на алатката Е-инспектор чија функција им беше презентирана на претставниците од БИХ.
Присутните, го искажаа своето задоволство од посетата и изразија желба за понатамошна меѓусебна соработка.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk