ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ“, ПОДДРЖАН ОД ЕБРД, ИДЕАС ДЕПО ЗАЕДНО СО ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ ИЗРАБОТИЈА ЛИСТИ ЗА ПРОВЕРКА
Целта на листите за проверка е да се олесни и усогласи инспекцискиот процес, тој да претставува систем за проверка, а не систем за репресија и казнување. Листите имаат и едукативна цел, односно со нив се зголемува униформираноста и свесноста кај субјектите на надзор и нивно доброволно усогласување со конкретните законски обврски , а воедно со нив се постигнува и поголема транспарентност при спроведување на инспекциската постапка.
Освен листите за проверка изработени во рамки на проектот „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“, се изработија и листи за проверка од страна на самите инспекциските служби.
Листите за проверка се објавени на веб страниците на инспекциските служби, како и на веб страниците на Инспекциски совет и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо.