Во последните седум дена инспекциските служби извршија 5.687 надзори и контроли, затворени се три угостителски објекти

Во периодот од 18-ти до 24-ти јануари Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.687 надзори и контроли.

Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 18ти до 24ти јануари изврши 87 надзори, врз основа на кои изрече 10 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 2547 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД 19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, со што продолжува трендот на опаѓање на бројот на издадени решенија за изолација.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.253 контроли и 643 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали;Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.
При спроведените надзори, изречени се 22 прекршочни пријави и 108 решенија за констатираните неправилности, како и 55 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 3 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 1 угостителски објекти во Скопје, Гостивар и Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.

Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 35 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3-прекршочни пријави и 5 решение. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања , односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 367 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 11 решенија поради непочитување на материјалните закони од областа на работните односи.Во однос на Законот за заштита на населението од заразни билести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, во текот на минатата недела трудовите инспектори не констатирале неправилности, односно непочитување на Протоколот.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 14 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите во 2 случаи се констатирани неправилности по Законот за лековите и медицинските средства за што се издадени 2 решенија.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 250 надзори, при што издадени се 14 решенија и26 едукации, по основ на небезбеден производ, неводење на записи за ДХП,неизвршени здравствени прегледи, неправилно складирање, чување и означување на производи .

Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 38 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа10 решенија согласно Законот за водите и Законот за управување со отпад и Законот за животната средина.

 

Инспекцискиот совет организираше работен состанок со претставници од Инспекторатот за употреба на јазиците и Државниот управен инспекторат

Претседателката на Инспекцискиот совет и членот на Советот надлежен за област управа Благоја Гешоски, на ден 21.1.2021 година,  остварија работен состанок со Директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците и директорката на Државниот управен инспекторат.

На состанокот беше разговарано за следната фаза од обуката на  инспекторите, односно практична работа и обука на работно место, под  надзор на ментор.

 

Продолжува трендот на опаѓање на решенија за изолација

Во период од 11-ти до 17-ти јанураи Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 4.817 надзори и контроли.

Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 11ти до 17ти јануари изврши 117 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 6576решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, со што продолжува трендот на опаѓање на решеnија за изолација.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.159 контроли и 582 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали;Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.При спроведените надзори, изречени се 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 5 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за 2 угостителски објекти во Скопје и по 1 угостителски објекти во Гостивар, Тетово и Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.

Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 39 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3-прекршочни пријави и 1 решение. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 547 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 19 решенија и 4 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 8 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни билести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително согласно овој закон се издадени 4 ППН заради неносење на заштитна маска на работно место.
Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 18 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 318 надзори, при што издадени се 16 решенија, 24 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор,непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, , неправилно складирање, чување и означување на производи.

Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 37 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа9 решенија согласно Законот за водите и Законот за управување со отпад за правни субекти од Радовиш, СТрумица, Ресен и ОПштина Илинден.

Ивестување за Интерактивна обука јануари-април 2021 година

Инспекцискиот совет на 196 та седница одржана на 14.1.2021 година, го разгледа Упатството за следење на интерактивна обука и деталниот Календра со распоред за одржување на интерактивните обуки за период од 20 јануари до 13 април 2021 година.

Интерактивната обука ќе започне на 20 јануари 2021 година.

 

Во последните седум дена инспекциските служби извршија 2.608 надзори и контроли, затворени се пет угостителски објекти

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари 2021 година, од страна на седумте  инспекциски служби се спроведени вкупно 2.608 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во надлежност на инспекторатите.  При тоа, се забележува дека и понатаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат, за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат, изврши 1.789  контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони. При тоа, ДПИ  изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14  прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за  заштита на населението од заразни болести. Решенијата се издадени  на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, изврши 40 надзори. При тоа, ДСЗИ во посочениот период издаде вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што преставува намалување во однос на претходниот период.

Во посочениот период, Државниот инспекторат за труд, изврши 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли, овој инспекторат изрече 4 решенија и еден платен налог.  Решенијата се издадени за непочитување на материјалните закони, односно во делот на прекршувања за исплата на плати и регреси за годишен одмор. Платниот налог е издаден за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Инспекторат за транспорт, во истиот период  изврши 22 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3 прекршочни пријави, едно решение и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 9 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за  формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 7 надзори, при што изречено е едно решение на правно лице за непочитување на Законот за води.

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што издадени се 3 решенија и спроведени се 15 едукации.

Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли на терен во целата држава,со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.

Филиповска-Грашкоска: За 20 отсто намален бројот на издадени решенија за изолација, за 60 отсто намален бројот на затворени угостителски објекти

На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, одржана на 5.1.2021 година, претседателката Магдалена Филиповска-Грашкоска  упати честитка и им се заблагодараи на сите граѓани, на медиумите, на сите инспектори и полициски службеници кои работеа цела новогодишна ноќ и во наредните денови за да се обезбеди почитувањето на Ковид 19 протоколите и да имаме мирни и безбедни празници.

„Пред нас се уште празнични денови, за кои искрено се надеваме дека ќе поминат во најдобар ред, но уште еднаш апелираме до сите граѓани и стопанственици да имаат трпение и да ги почитуваат мерките, да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања.Надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови  ќе спроведуваат интензивни контолри на терен, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните“- порача Филиповска-Грашкоска .

Во периодот од 28ми декември до 3ти јануари Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.718 надзори и контроли.

Поединечно по инспекторати состојбата е следна:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 28ми декември до 3ти јануари изврши 74 надзори, врз основа на кои се изречени шест решенија. Во овој период издадени се вкупно 4.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид 19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19.

Анализирајќи ги бројките на издадени решенија за самоизолација, се уште продолжува трендот на намалување, односно во однос на периодот од 20ти до 27 ми декември ( кога беа издадени 6.576 решенија), во текот на минатат недела се издадени  20% помалку решенија за самоизлоација.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.

При спроведените надзори, изречени се 35 прекршочни пријави и 24 решенија за констатираните неправилности, како и 16  прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 5 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по два угостителски објекти во Битола и Тетово и за еден угостителски објект во Струмица, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.

Спредбено со периодот од 21ви до 27ми декември (кога беа затворени 13 угостителски објекти), бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 %.

За време на новогодишната ноќ, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР, спроевдоа голем број на заеднички контроли во угостителските објекти, но како што и веќе напоменав беа констатирани мал број на прекршувања, односно беа затворени два угостителски објекти (Струмица и Битола).

Државниот инспекторат за транспорт изврши 29 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: една прекршочна пријава и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 440 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 17 решенија и еден прекршочен платен налог. Во овој период од страна на државните инспектори за труд не се констатирани неправилности согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, спроведе 11 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за  формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 207 надзори, при што издадени се пет решенија,  14 едукации и еден прекршочен платен налог, по основ на нерегистриран оператор, неизвршени здравствени прегледи и неправилно складирање, чување и означување на  производи .

Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 27 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа две решенија со задолжувања за подобрување на работата на правните субјекти.

Инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во следниот период и неселективно и навремено ќе ги санкционираат сите оние кои преку непочитување на протоколите и мерките го загрозуваат јавното здравје и здравјето на граѓаните.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk