Појаснување за барање информации од јавен карактер

Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.

Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Линк од Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер за Барање за пристап до информации од јавен карактер-pdf формат и во word формат:

БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Остварена билатерална средба меѓу Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија и Управата за инспекциски работи на Република Црна Гора

На 14.10.2021 година Претседателката на Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија м-р Магдалена Филиповска Грашкоска беше домаќин на директорот на Управата за инспекциски работи на Република Црна Гора г-дин Илир Харасани . Целта на посетата беше воспоставување на билатерална соработка од областа на вршење на инспекциски надзор.

За време на посетата, беа разменети информации и искуства, со посебен акцент на развојот на електорнскиот систем за автоматизација на инспекциската постапка и инспекциското работење – „е-инспектор“.  Дополнително, двете страни разговараа и за процеост на изработка и примена на листите за проверка, проценката на ризик при планирање на инспекцискиот надзор, како и начинот на лиценцирање и обука на инспекторите.

На средбата, двете страни ја потврдија потребата од унапредување на соработка и нејзино официјализирање со склучување на Меморандум за соработка.

 

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk