Почитувани,
Во изминатиот период голем број на Барања на мислење, беа адресирани до Инспекцискиот совет, во однос на исплата на додатокот на плата заради постоење на висок ризик по животот и здравјето при извршувањето на работите и задачите на кандидат за инспектор, додека трае постапката за стекнување со лиценца за инспектор.
Од таа причина Советот, се обрати до Министерство за информатичко општество и администрација, како официјален предлагач на законот, за мислење и насоки во однос на додатокот на плата за инспектор.
Министерството за информатичко општество и администрација на ден 24.9.2021 година со број 03-615/5 достави одговор во кој неведува дека:
„Овој додаток на плата заради постоење на висок ризик по животот и здравјето при извршувањето на работите и задачите на инспекторот во висина од 30% од износот на основната плата се однесува на вработените кои се инспектори, а не и на кандидати за инспектор, однодно вработените кои сеуште не се стекнале со лиценца за инспектор, нема да можат д а го остварат правото на овој додаток.“
Во продолжение можете да пристапите до целата содржина на известувањето.
Известување од Министерство за информатичко општество и администрација за додаток на плата
Со почит.