Инспекцискиот совет и Државната комисија за спречување на корупција, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции

На 31.03.2022 година во Државната комисија за спречување на корупција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции. На потпишувањето присуствуваа и членовите на Советот, Методија Димовски и Меџит Јусуфи, како и членовите на Државната комисија, Владимир Георгиев и Нури Бајрами.

Целта на Меморандумот е промовирање на соработка и размена на искуства помеѓу двете институции, координација и водење заеднички договорени аактивности, во согласност со законските надлежности на институциите, особено преку:

  1. Соработка и постојан дијалог за размена на знаења и практични искуства во областа на превенцијата и репресијата на корупцијата и судирот на интереси, и јакнењето на личниот и институционалниот интегритет;
  2. Организирање на работни средби за размена на позитивни практики и информации за зајакнато функционирање на Државната комисија и Советот, како и нивните стручни служби;
  3. Размена на податоци и позитивна пракса, при постапување по предмети од областите на законска надлежност на Државната комисија и Советот;
  4. Подготвување, организација и спроведување на обуки за инспекторите вработени во инспекциските служби под јурисдикција на Советот;
  5. Други активности, со кои на партнерска основа, може да се остваруваат целите на овој Меморандум.

 

Одржана средба помеѓу Инспекцискиот совет и Европската банка за обнова и развој

На 24.03.2022 во просториите на Инспекцискиот совет се одржа иницијална средба за отпочнување на третата фаза од соработката со ЕБРД, преку реализација на Проектот – Е-инспектор – продолжување на поддршката на инспекциските реформи во Северна Македонија.

На средбата присуствуваа претседателката Магдалена Филиповска Грашкоска, членовите на Инспекцискиот совет и оперативниот лидер и проектен менаџер Ендрита Џаферај од канцеларијата на ЕБРД во Тирана, Албанија.

На состанокот се нагласи досегашната двогодиша успешна соработа помеѓу ЕБРД и Инспекцискиот совет, постигнатите резултати, како и предвидените цели и активности во рамки на новиот проект. Со проектот е предвидено изработување на 13 нови модули за дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и надзор за 13 инспекциски служби, што ќе помогне во насока на подобрување на транспарентноста и намалување на шансите за корупција. За проектот се предвидени 18 месеци за реалзиација.

УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНИ РАБОТИЛНИЦИ

Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија во соработка со Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН и  Институтот за комуникациски студии, започна процес на изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на извештајот за работата на инспекциската служба за претходните шест месеци и годишниот извештај за работа на инспекциските служби.

 Предлогот за изменување и дополнување на Правилникот е резултат на работата на Работната група составена од претставници на органите на Државните инспекторати кои имаат надлежности од областа на животната средина и претставници на граѓанските организации и има намера обезбеди напредна методолошка рамка за квалитет и да го подобри известувањето на инспекциските служби  во согласност со меѓународните стандарди за транспарентност и отчетност.

 Во насока на обезбедување на инклузивност  и консезуалност во усвојувањето на предложените измени на Правилникот, во просториите на Инспекцискиот совет  во периодот од 10.03.2022 – 11.03.2022 се организираа две тематски работилници  примарно насочени кон административниот персонал на инспекциските служби и инспекторатите одговорни за подготовка на  полугодишните извештаи.

Фасилитатори  на работилниците кои ги презентираа предлог измените на Правилникот беа м-р Методија Димовски, член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето и г-гин Кирил Ристовски од ЦЕД ФЛОРОЗОН.

Реализиран консултативниот час за Модул 1 закон за инспекциски надзор

На 9-ти март во просториите на Инспекцискиот совет, постапувајки по протоколите за заштита од пандемија, во две групи, се реализираше консултативниот час за кандидатите за инспектори чија тематика опфаќаше презентации и дискусии од Модул 1 – Закон за инспекциски надзор.

Обучувачите г-ѓа Грозданка Тилева од Државниот инспекторат за труд и г-ѓа Силвана Трбогазова од Државниот инспекторат за земјоделство, преку своето долгогодишно искуство преку примери од праксата, им овозможија на кандидатите поблиску да се запознаат со одредбите од Законот за инспекциски надзор.

 

 

Инспекцискиот совет започна со реализацијата на првата интерактивна обука за кандидати  за инспектори  за 2022 година

Инспекцискиот совет започна со реализацијата на првата интерактивна обука за кандидати  за инспектори  за 2022 година во период од март до мај. 25 кандидати од 17 инспекциски служби, воведната сесија ја следеа во единицата за обуки во просториите на Инспекцискиот совет, поделени во две групи согласно протоколите за заштита од пандемија.

М-р Методија Димовски, член на Инспекциски совет од Областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето, во двочасовната воведната сесија им посака успешна обука на кандидатите за инспектори, притоа давајќи осврт на постапката за стекнување со лиценца за инспектор.

     

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk