Месец: м.г
Примопредавање на функцијата Претседател на Инспекциски Совет
Во просториите на Инспекцискиот совет денес беше извршено примопредавање на должноста претседател на Инспекциски совет.
Новата в.д. претседателка Даниела Рендевска, досегашен генерален секретар на Инспекциски совет, ја презеде функцијата од Магдалена Филиповска Грашкоска, која беше претседателка на Инспекцискиот совет од август 2017 година.
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 за унапредување на 1 (еден) административeн службеник во Инспекцискиот совет
Врз основа на член 30 став (3) и член 48 од Закон за административни службеници („Сл. весник на РМ” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18, 275/2019, 14/2020, 112/2021 и 215/2021), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Сл. весник на Република Македонија“ бр.11/15, 35/18 и 303/20) и Правилникот за систематизација на работните места во Инспекцискиот совет, бр. 01-181/1 од 3.2.2020 година и Правилникот за дополнување на Правилникот за систематизација на работните места бр. 01-494/1 од 26.5.2021 година, Претседателот на Инспекцискиот совет објавува ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 за унапредување на 1 (еден) административeн службеник во Инспекцискиот совет.
Известување за лиценци
Почитувани,
Законот за инспекциски надзор (Службен весник на Република Северна Македонија бр.102/19), во членот 103, став (1) и (2) предвидува дека три месеци пред истекот на важноста на лиценцата издадена пред денот на започнување на примената на овој закон, Советот на барање на носителот на лиценцата, ќе издаде нова лиценца за инспектор со трајна важност.
Сите лица кои имаат доставено уредно Барање за реиздавање на лиценца за инспектор, која е со важност до 14.04.2022 година и 12.05.2022 година, новите лиценци со трајна важност ќе може да ги подигнат лично, од просториите на Инспекциски совет, започнувајќи од 14.04.2022 година, во период од 08:30-15:30 часот.
Доколку лицето не е во можност лично да ја подигне лиценцата за инспектор со трајна важност, истата може да ја подигне друго лице во негово име, со достава на уредно потпишано овластување или изјава.