На ден 30.05.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет, в.д. претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од членот на Инспекциски совет од Областа на животна средина и здравје на луѓето Влатко Серафимов, одржаа работна средба со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути и директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност Алија Камбероски. На средбата се разговараше за тековните проекти кои се спроведуваат во Инспекцискиот совет, со посебен акцент на проектот Е-инспектор, којшто е финансиран од EBRD.
В.д. претседателката ги информираше присутните за новиот проект финансиран од USAID, кој ќе се спроведува во наредните три месеци, чија главна цел е анализа на спроведувањето на Законот за инспекциски надзор.
На средбата се разменија информации за предизвиците со кои се соочуваат инспекциските служби и се заклучи дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина.