Потпишување на договори за поврзување на платформата за интероперабилност во функција на системот е-инспектор

Во насока на реализирање на приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија, борбата против корупцијата и дигитализацијата на општеството, денес, на 26.10.2022 година, Инспекцискиот совет во улога на координатор на посредните корисници потпиша поединечни договори со посредните корисници (13 инспекциски служби) за користење на единствен комуникациски клиент за поврзување на единствената околина, и тоа со: Државен инспекторат за животна средина, Државен просветен инспекторат, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Државен инспекторат за транспорт, Државен комунален инспекторат, Државен инспекторат за локална самоуправа, Државен технички инспекторат, Државен девизен инспекторат, Државен инспекторат за земјоделство, Инспекторат за употреба на јазиците и Агенција за храна и ветеринарство.
Предмет на овие договори е уредување на начинот на размена на податоците и документите по електронски пат помеѓу посредените корисници на единствена околина, што ќе овозможи пристап до точни и ажурни информации и податоци, а со цел ефикасно и непречено функционирање на Информацискиот систем за спроведување на инспекцискиот надзор Е – Инспектор, подржан од ЕБОР, во рамки на проектот „Развој на Е-инспектор – проширување на поддршката на реформата на инспекциските служби во Република Северна Македонија“.

Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните

100-тина локални инспектори и раководители на општински инспекциски служби присуствуваат на дебата во организација на НВО Инфоцентарот и партнерските организации Спектар од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга, во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“, поддржан од Цивика Мобилитас.
?На дебатата се презентираат наодите од анкетата која опфати 96 локални инспектори од повеќе општини низ државата во врска со примената на новиот Закон за инспекциски надзор.
?Инфографиците со клучните резултати на анкетата се достапни на следниов линк: https://www.facebook.com/NVOInfocentar/posts/5774317659287692

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk