Месец: м.г
Седница на Инспекциски Совет бр. 302
Средба со в.д директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов
Денес во просториите на Инспекцискиот совет Претседателот на Инспекциски совет Даниела Рендевска и надлежниот член од одбласта образование, наука и култура Ќерамедин Селими одржаа средба со в.д директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов. На средбата се дискутираше за предизвиците со кои се соочува ДИП во однос на кадровската екипираност во инспекторатот. Главен акцент на средбата беше ставен на соработката помеѓу двете институции, како и за вклучувањето на Државниот просветен инспекторат во системот Е-инспектор.
Работна средба на Министерот за информатичко општество и администрација во Инспекцискиот совет
Денес (15.03.2023 година) во посета на Инспекцискиот совет беше Министерот за информатичко општество и администрација Проф. Др. Азир Алиу, кој оствари средба со Претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска и членовите на Советот. На средбата Министерот беше запознаен со работата на Инспекцискиот совет и неговите надлежности согласно Законот за инспекциски надзор, обемот на работа која ја извршува Советот, како и предизвиците со кои се соочува.
Воведна сесија за почеток на интерактивна обука за кандидати за иснпектори
На ден 01.03.2023 година, во просториите на Инспекцискиот совет, се одржа воведна сесија во врска со почетокот на интерактивната обука за кандидатите за инспектори, која согласно календарот односно деталниот распоред на изведување на модулите од програмата за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се одвива од почетокот на месец март до крајот на месец мај 2023 година.
На воведната сесија, кандидатите за инспектори беа поздравени од членовите на Инспекцискиот совет: Меџит Јусуфи, Игор Вељаноски, Влатко Серафимов и Ресул Шемо, како и од дел од стручната служба на Советот а воедно им беше презентиран и целиот концепт во врска со почетокот на интерактивната обука.
Целта на оваа сесија е кандидатите за инспектори да се запознаат подетално со содржината на Програмата (сите 8 модули), начинот на спроведување на обуката, обучувачите кои ќе бидат ангажирани за одделните модули, распоредот на изведување на обуката, како и со други технички детали за користењето на ЛМС платформата за електронско следење на обуки.