Средба меѓу инспекциски совет и претставници од Државниот управен испекторат, Државниот инспекторат за локална самоуправа, Агенцијата за млади и спорт, Инспекторатот за употреба на јазиците


На ден 25.05.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет, в.д. претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од Областа на управата Благоја Гешоски, одржаа работна средба со директорката на Државниот управен испекторат Кети Василеска, директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Африм Ќоку, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Фатмир Исени, раководителот на Одделението за инспекциски надзор во Државниот архив на Република Северна Македонија Катерина Васиќ и раководителот на Секторот за инспекциски надзор во социјалната заштита во Министерството за труд и социјална политика Зоран Стојанов. На средбата се разговараше за тековните проекти кои се спроведуваат во Инспекцискиот совет, со посебен акцент на проектот Е-инспектор, којшто е финансиран од EBRD.

В.д. претседателката ги информираше присутните за новиот проект финансиран од USAID, кој ќе се спроведува во наредните три месеци, чија главна цел е анализа на спроведувањето на Законот за инспекциски надзор.

На средбата се разменија информации за предизвиците со кои се соочуваат инспекциските служби и се заклучи дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk