Член на Инспекциски совет од областа на образование, наука и култура
Е-пошта: q.selimi@is.gov.mk
Телефон: 070265689
(Државен просветен инспекторат, Управа за заштита на културното наследство – Одделение за инспекциски надзор, Министерство за култура – Сектор за управен и инспекциски надзор)
Член на Инспекциски совет од областа на образование, наука и култура од 17.7.2019 година.
Роден е на 5.2.1969 година во Гостивар.
Дипломирал во ПМФ во 1995 година, на Универзитетот во Приштина, Република Косово, насока биологија и се стекнал со звање професор по биологија.
Покрај мајчиниот албански јазик, активно го користи македонскиот јазик, англискиот јазик (BULATS), има основни познавања на јазиците од поранешна Југославија и францускиот јазик.
Поседува меѓународно признат сертификат за користење на компјутерски програми за канцелариско работење.
Во повеќе од две – децениската професионална кариера, работел на повеќе работни и раководни места во јавните установи и администрација, како професор, директор на училиште, овластен инспектор за образование, раководител на секторот за јавни дејности во Општина Гостивар, а бил и член на Инспекцискиот совет од 2015 до 2017 год.
Присуствувал на меѓународни и домашни конференции, семинари и работилници.