Календар на обуки
Почитувани кандидати за инспектори, со цел најдобро да го испланирате своето време, во овој дел од веб страницата можете да го погледнете распоредот за одржување на практичната работа и обуката на работно место, согласно динамиката предвидена во Програмите за практична работа и обука на работното место. за стекнување со лиценца за инспектор. Тука, на прегледен начин е прикажан временскиот распоред за реализирање на содржината на соодветните Програми за инспекциската служба во која сте вработени, времетраењето на темите, начинот на нивна реализација и сл.
Програма за практична обука
Во согласност со член 42 од Законот за инспекциски надзор, вие почитувани кандидати за инспектори, посетувате обука за стекнување со лиценца за инспектор, која се состои од два дела со вкупно времетраење од 12 месеци. Од тоа, три месеци интерактивна обука и девет месеци практична работа и обука на работното место. за тримесечната интерактивна обука ја донесува Советот и истата можете да ја погледнете подолу, со цел навреме да се запознаете со содржините и темите кои треба да ги совладате пред да го полагате испитот за стекнување со лиценца за инспектор. Програмите за деветмесечната практична работа и обука на работното место, под надзор на ментор ги донесуваат раководителите на соодветните инспекциски служби.
Програма за испит за лиценца – практичен дел МАЛМЕД