Претседателката Даниела Рендевска и членот Влатко Серафимов од Област 2 – Животна средина и заштита на здравје на луѓето се дел од Обуката на тема “Вовед во еколошка корупција” која е во организација на ЦЕД Флорозон . Обуката е реализирана во Охрид во период од 27-29 ноември.
Целна група на обуката се претставниците на основните судови, јавното обвинителство, граѓанските организации, младите , претставниците на институциите надлежни за развој и имплементација на анти-коруптивните политики во областа на животната средина и претставниците на локалната самоуправа.
Претседателката на Инспекцискиот совет , Рендевска со презентацијата даде осврт на клучните активности и алатки на Инспекцискиот совет во борбата за спречување на корупцијата .