Презентирање на е-платформа за еколошка инспекција

Сподели

На ден 17.10.2023 година во просториите на Инспекцискиот совет се одржа состанок на тема “Корупција во животната средина“, на кој присуствуваа: претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, членот на Инспекцискиот совет, Влатко Серафимов надлежен за областа животна средина и заштита на здравје на луѓето, како и претставници од невладини организации од земјите од регионот. Состанокот се одржа на иницијатива на здруженијата “СМАРТ БАЛКАН” и “ФЛОРОЗОН”. На средбата се разви дискусија во врска начинот на вршење на инспекцискиот надзор и надлежностите на Советот, при што претседателката Рендевска детално ја објасни улогата и начинот на работа на Инспекцискиот совет, особено во делот на обучувањето на инспекторите. Таа потенцираше дека во рамки на Инспекцискиот совет, согласно неговите законски надлежности, фукнционира Систем за елекронско учење и обука на кандидатите за инспектори и постојните инспектори – ЛМС систем. Овој систем овозможува тримесечна обика на кандидатите за инспектори, по што истите полагаат испит и се стекнуваат со лиценца за инспектор. Постојните инспектори, согласно Програмата за генерички обуки на инспекторите, имаат обврска секоја година да реализираат по три обуки, што исто така се реализира во рамки на воспоставениот систем.

Исто така, претседателката објасни дека во тек е реализација на Проектот за дигитализација и автоматизација на инспекцискиата постапка, Е-Инспектор, кој се спроведува со поддршка на Европската банка за обнова и развој. Овој систем функционира на Платформата за интероперабилност, односно размената на податоците за субјектите на надзор, инспекторите ќе ги добиваат директно преку системот, е-инспектор. Е – инспектор функционира на две околини, продукциска и тестна околина. На продукциската околина веќе работат три инспекторати, и тоа: Државниот управен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот трудов инспекторат, што значи дека тие веќе го спроведуваат инспекцискиот надзор преку системот. За останатите 13 инспекциски служби во моментов се развиваат модулите и истите треба да станат оперативни од март наредната 2024 година.



Сподели