На ден 26.04.2023 година во работна посета на Инспекцискиот совет беа претставници од Агенцијата за надзор на пазарот на БИХ- Едуард Шакота, заменик директор, Самир Бекто, помошник директор и Младен Батковиќ, стручен соработник за опрема под притисок, кои остварија средба со Даниела Рендевска, Претседателката на Инспекцискиот совет и надлежниот член од Област 1 Игор Вељаноски.
На средбата беа присутни и претставници од Државниот пазарен инспекторат на Република Северна Македонија.
На средбата гостите од БИХ ги запознаа присутните за работата на Агенцијата и нејзините активности во врска со надзорот на пазарот во БИХ, начинот на вршење на инспекцискиот надзор според законските прописи на БИХ и статусот на инспекторите. Од страна на Претседателката Рендевска и членот на Инспекцискиот совет Вељаноски, беше истакната важноста на алатката Е-инспектор чија функција им беше презентирана на претставниците од БИХ.
Присутните, го искажаа своето задоволство од посетата и изразија желба за понатамошна меѓусебна соработка.