Врз основа на член 16, став (2), од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/19), Инспекцискиот совет, на својата 192-ра седница, одржана на 15.12.2020 година, го донесе Годишниот план за работа на Инспекцискиот совет за 2021 година.
Клучните приоритети на Советот за 2021 година, остануваат во областите на четирите програмски рамки:
Следење на спроведувањето на законските прописи за инспекциски надзор,
Клучни производи и услуги на Советот,
Соработка со други институции, организации, медиуми, јавност, и
Подобрување на работењето на Советот.
Годишниот план за работа на Советот за 2021 година, можете да го преземете тука.