Во период од 11-ти до 17-ти јанураи Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 4.817 надзори и контроли.
Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:
Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 11ти до 17ти јануари изврши 117 надзори, врз основа на кои изрече 20 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 6576решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, со што продолжува трендот на опаѓање на решеnија за изолација.
Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 3.159 контроли и 582 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали;Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.При спроведените надзори, изречени се 19 прекршочни пријави и 102 решенија за констатираните неправилности, како и 50 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 5 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за 2 угостителски објекти во Скопје и по 1 угостителски објекти во Гостивар, Тетово и Куманово, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.
Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 39 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3-прекршочни пријави и 1 решение. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 547 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 19 решенија и 4 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 8 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни билести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително согласно овој закон се издадени 4 ППН заради неносење на заштитна маска на работно место.
Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 18 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона и при истите не се констатирани неправилности.
Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 318 надзори, при што издадени се 16 решенија, 24 едукации и 1 ППН, по основ на нерегистриран оператор,непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи, , неправилно складирање, чување и означување на производи.
Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 37 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа9 решенија согласно Законот за водите и Законот за управување со отпад за правни субекти од Радовиш, СТрумица, Ресен и ОПштина Илинден.