Соопштение 31.08.2023

Сподели

Денес во просториите на Инспекцискиот совет се одржа работен состанок во врска со Правилникот за формата и содржината на Записникот за извршен инспекциски надзор и Правилникот за формата и содржината на Решението по извршен извршен надзор, како и за прашања во врска со нивната практична примена и примената на Законот за употреба на јазиците.
Претседателката на Советот Даниела Рендевска заедно со членовите Меџит Јусуфи и Благоја Гешоски го одржаа состанокот на кој беа присутни директорот на Агенција за примена на јазиците, Ардиан Муслиу, претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, и директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Фатмир Исени и претставници од инспекциската служба.
Присутните дадоа свои видувања во врска со примената на Правилниците при вршењето на инспекцискиот надзор, како и посочија примери како би се вршел надзорот во пракса, имајќи ги предвид и законските одредби од Законот за употреба на јазиците, како и потребата од усогласување на формата на записниците и решенијата.


Сподели