Средба меѓу Инспекцискиот совет и Државниот инспекторат за земјоделство, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот иснпекторат за шумарство и ловство


На ден 17.05.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет, в.д. претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска заедно со членот на Инспекциски совет од Областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храната Меџит Јусуфи одржаа работна средба со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски и в.д. директорот на Државниот иснпекторат за шумарство и ловство Фикри Алити. На средбата се разговараше за тековните проекти кои се спроведуваат во Инспекцискиот совет, со посебен акцент на проектот Е-инспектор, којшто е финансиран од EBRD.

В.д. претседателката ги информираше присутните за новиот проект финансиран од USAID, кој ќе се спроведува во наредните три месеци, чија главна цел е анализа на спроведувањето на Законот за инспекциски надзор.

На средбата се разменија информации за предизвиците со кои се соочуваат инспекциските служби и се заклучи дека досегашната соработка ќе продолжи и во иднина.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk