Известување за Генерички обуки за 2020 година


Почитувани инспектори,

Сакаме да Ве известиме дека на платформата за електронско учење достапни се генеричките обуки од Годишната програма за генерички обуки за 2020 година каде се додадени инспекторите од Вашата инспекциска служба.

Поради вонредната состојба предизвикана од вирусот COVID-19, Владата на РСМ донесе Уредба со законска сила за применување на Законот за инспекциски надзор, со која спроведувањето на Годишната програма за генерички обуки на инспекторите за 2020 година, беше одложено до 31.8.2020 година.

 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk