Денес во просториите на Инспекцискиот совет се одржа работен состанок во врска со
Правилникот за формата и содржината на Записникот за извршен инспекциски надзор и
Правилникот за формата и содржината на Решението по извршен извршен надзор, како и за
прашања во врска со нивната практична примена и примената на Законот за употреба на
јазиците.
Претседателката на Советот Даниела Рендевска заедно со членовите Меџит Јусуфи и Благоја
Гешоски го одржаа состанокот на кој беа присутни директорот на Агенција за примена на
јазиците, Ардиан Муслиу, претставници од Министерството за информатичко општество и
администрација, и директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Фатмир Исени и
претставници од инспекциската служба.
Присутните дадоа свои видувања во врска со примената на Правилниците при вршењето на
инспекцискиот надзор, како и посочија примери како би се вршел надзорот во пракса, имајќи
ги предвид и законските одредби од Законот за употреба на јазиците, како и потребата од
усогласување на формата на записниците и решенијата.