Методологии за проценка на ризик

ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ“, СЕ ИЗРАБОТИЈА МЕТОДОЛОГИИ ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК

Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо во соработка со Инспекцискиот совет, во рамки на проектот „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“ поддржан од Европската банка за обнова и развој ЕБРД, како дел од своите активности изработија 15 Методологии за проценка на ризик за 13 инспекторати и 2 инспекциски служби, како обврска произлезена од новиот Закон за инспекциски надзор.

Целта на овие методологии е проценување на ризикот врз основа на идентификување на  ризиците, како и проценка на тежината на штетните последици и веројатноста за нивно случување. Проценката на ризик се прави во текот на подготвувањето на годишниот план за работа на инспекциската служба.

Методологиите за проценка на ризик се донесени од страна раководните лица на инспекциските служби, по претходно добивање на позитивно мислење од Инспекцискиот совет, и истите се објавени на веб страницата на Инспекцискиот совет.

Листи за проверка

ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОДДРШКА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА НА ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ“, ПОДДРЖАН ОД ЕБРД, ИДЕАС ДЕПО ЗАЕДНО СО ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ ИЗРАБОТИЈА ЛИСТИ ЗА ПРОВЕРКА

Целта на листите за проверка е да се олесни и усогласи инспекцискиот процес, тој да претставува  систем за проверка, а не систем за репресија и казнување. Листите  имаат и едукативна цел, односно со нив се зголемува униформираноста и свесноста кај субјектите на надзор и нивно доброволно усогласување со конкретните законски обврски , а воедно со нив се постигнува и поголема транспарентност при спроведување на инспекциската постапка.

Освен листите за проверка изработени во рамки на проектот „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби“, се изработија и листи за проверка од страна на самите инспекциските служби.

Листите за проверка се објавени на веб страниците на инспекциските служби, како и на веб страниците на Инспекциски совет и Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 (0)2 3121 077

Електронска адреса: contact@is.gov.mk