Известување за лиценци

Почитувани,

Законот за инспекциски надзор (Службен весник на Република Северна Македонија бр.102/19), во членот 103, став (1) и (2) предвидува дека три месеци пред истекот на важноста на лиценцата издадена пред денот на започнување на примената на овој закон, Советот на барање на носителот на лиценцата, ќе издаде нова лиценца за инспектор со трајна важност.

Сите лица кои имаат доставено уредно Барање за реиздавање на лиценца за инспектор, која е со важност до 14.04.2022 година и 12.05.2022 година, новите лиценци со трајна важност ќе може да ги подигнат лично, од просториите на Инспекциски совет, започнувајќи од 14.04.2022 година, во период од 08:30-15:30 часот.

Доколку лицето не е во можност лично да ја подигне лиценцата за инспектор со трајна важност, истата може да ја подигне друго лице во негово име, со достава на уредно потпишано овластување или изјава.

Инспекцискиот совет и Државната комисија за спречување на корупција, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции

На 31.03.2022 година во Државната комисија за спречување на корупција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции. На потпишувањето присуствуваа и членовите на Советот, Методија Димовски и Меџит Јусуфи, како и членовите на Државната комисија, Владимир Георгиев и Нури Бајрами.

Целта на Меморандумот е промовирање на соработка и размена на искуства помеѓу двете институции, координација и водење заеднички договорени аактивности, во согласност со законските надлежности на институциите, особено преку:

  1. Соработка и постојан дијалог за размена на знаења и практични искуства во областа на превенцијата и репресијата на корупцијата и судирот на интереси, и јакнењето на личниот и институционалниот интегритет;
  2. Организирање на работни средби за размена на позитивни практики и информации за зајакнато функционирање на Државната комисија и Советот, како и нивните стручни служби;
  3. Размена на податоци и позитивна пракса, при постапување по предмети од областите на законска надлежност на Државната комисија и Советот;
  4. Подготвување, организација и спроведување на обуки за инспекторите вработени во инспекциските служби под јурисдикција на Советот;
  5. Други активности, со кои на партнерска основа, може да се остваруваат целите на овој Меморандум.

 

Одржана средба помеѓу Инспекцискиот совет и Европската банка за обнова и развој

На 24.03.2022 во просториите на Инспекцискиот совет се одржа иницијална средба за отпочнување на третата фаза од соработката со ЕБРД, преку реализација на Проектот – Е-инспектор – продолжување на поддршката на инспекциските реформи во Северна Македонија.

На средбата присуствуваа претседателката Магдалена Филиповска Грашкоска, членовите на Инспекцискиот совет и оперативниот лидер и проектен менаџер Ендрита Џаферај од канцеларијата на ЕБРД во Тирана, Албанија.

На состанокот се нагласи досегашната двогодиша успешна соработа помеѓу ЕБРД и Инспекцискиот совет, постигнатите резултати, како и предвидените цели и активности во рамки на новиот проект. Со проектот е предвидено изработување на 13 нови модули за дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и надзор за 13 инспекциски служби, што ќе помогне во насока на подобрување на транспарентноста и намалување на шансите за корупција. За проектот се предвидени 18 месеци за реалзиација.

УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНИ РАБОТИЛНИЦИ

Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија во соработка со Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН и  Институтот за комуникациски студии, започна процес на изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на извештајот за работата на инспекциската служба за претходните шест месеци и годишниот извештај за работа на инспекциските служби.

 Предлогот за изменување и дополнување на Правилникот е резултат на работата на Работната група составена од претставници на органите на Државните инспекторати кои имаат надлежности од областа на животната средина и претставници на граѓанските организации и има намера обезбеди напредна методолошка рамка за квалитет и да го подобри известувањето на инспекциските служби  во согласност со меѓународните стандарди за транспарентност и отчетност.

 Во насока на обезбедување на инклузивност  и консезуалност во усвојувањето на предложените измени на Правилникот, во просториите на Инспекцискиот совет  во периодот од 10.03.2022 – 11.03.2022 се организираа две тематски работилници  примарно насочени кон административниот персонал на инспекциските служби и инспекторатите одговорни за подготовка на  полугодишните извештаи.

Фасилитатори  на работилниците кои ги презентираа предлог измените на Правилникот беа м-р Методија Димовски, член на Инспекцискиот совет од областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето и г-гин Кирил Ристовски од ЦЕД ФЛОРОЗОН.

Реализиран консултативниот час за Модул 1 закон за инспекциски надзор

На 9-ти март во просториите на Инспекцискиот совет, постапувајки по протоколите за заштита од пандемија, во две групи, се реализираше консултативниот час за кандидатите за инспектори чија тематика опфаќаше презентации и дискусии од Модул 1 – Закон за инспекциски надзор.

Обучувачите г-ѓа Грозданка Тилева од Државниот инспекторат за труд и г-ѓа Силвана Трбогазова од Државниот инспекторат за земјоделство, преку своето долгогодишно искуство преку примери од праксата, им овозможија на кандидатите поблиску да се запознаат со одредбите од Законот за инспекциски надзор.

 

 

Инспекцискиот совет започна со реализацијата на првата интерактивна обука за кандидати  за инспектори  за 2022 година

Инспекцискиот совет започна со реализацијата на првата интерактивна обука за кандидати  за инспектори  за 2022 година во период од март до мај. 25 кандидати од 17 инспекциски служби, воведната сесија ја следеа во единицата за обуки во просториите на Инспекцискиот совет, поделени во две групи согласно протоколите за заштита од пандемија.

М-р Методија Димовски, член на Инспекциски совет од Областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето, во двочасовната воведната сесија им посака успешна обука на кандидатите за инспектори, притоа давајќи осврт на постапката за стекнување со лиценца за инспектор.

     

 

Телефонската централа на Инспекцискиот совет е повторно  достапна

Почитувани,

Ве известуваме дека телефонската централа на Инспекцискиот совет е повторно  достапна за воспоставување на надворешни повици.

Контакт со Инспекцискиот совет можете да остварите на  следниот телефонски број 02 310 30 30.

Ви благодариме на разбирањето.

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ И ЕБОР

По успешното завршување на двете фази од Проектот – Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциите во Република Северна Македонија и реализирање на сите планирани активности, на 14.02.2022 година официјално започна третата фаза на соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во која ќе се реализира  Проектот – Проширување на поддршката на инспекциските реформи во Северна Македонија – Изработка на 13 модули за проширување на софтверот е-Инспектор.

Во рамки на проектот предвидена е реализација на следните активности:

  • Изработка на Анализа на трошоци и придобивки за опциите за хостирање на системот е-инспектор. Анализата треба да ги елаборира економските и техничките аспекти на хостирање и одржување на е-инспекторот, врз основа на која Инспекцискиот совет ќе донесе одлука за најдобра и најисплатлива опција за хостирање на системот е-инспектор.
  • Подготовка на тендерска документација со техничка спецификација за изработка на модулите на е-Инспектор за 13-те инспекторати.
  • Изработка/проширување на софтверот е-Инспектор со 13 дополнителни модули, односно автоматизирање на следните процеси: спроведување на инспекцискиот надзор, планирање и ИТ поддршка.

Во рамки на проектот ќе бидат опфатени 13 инспекторати, и тоа: Државен инспекторат за земјоделство, Државен просветен инспекторат, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Државен инспекторат за транспорт, Државен инспекторат за животна средина, Државен инспекторат за техничка инспекција, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Државен комунален инспекторат, Инспекторат за употреба на јазиците, Државен инспекторат за локална самоуправа, Државен девизен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Проект е предвидено да трае 18 месеци.

Доделени лиценци за инспектори од областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна

На ден 16.2.2022 година во просториите на Инспекцискиот совет со почеток во 12 часот, Претседателката на Советот м-р Магдалена Филиповска Грашкоска заедно со надлежниот Член од Областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна Меџит Јусуфи, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, доделија 11 лиценци за инспектори од областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна, кои успешно ја реализираа целата постапка за стекнување со лиценца за инспектор согласно Законот за инспекциски надзор.

Исплата на додатокот на плата заради постоење на висок ризик по животот и здравјето при извршувањето на работите и задачите на кандидат за инспектор

Почитувани,

Во изминатиот период голем број на Барања на мислење, беа адресирани до Инспекцискиот совет, во  однос на исплата на додатокот на плата заради постоење на висок ризик по животот и здравјето при извршувањето на работите и задачите на кандидат за инспектор, додека трае постапката за стекнување со лиценца за инспектор.

Од таа причина Советот, се обрати до Министерство за информатичко општество и администрација, како официјален предлагач на законот, за мислење и насоки во однос на додатокот на плата за инспектор.

Министерството за информатичко општество и администрација  на ден 24.9.2021 година со број 03-615/5 достави одговор во кој неведува дека:

„Овој додаток на плата заради постоење на висок ризик по животот и здравјето при извршувањето на работите и задачите на инспекторот во висина од 30% од износот на основната  плата се однесува на вработените кои се инспектори, а не и на кандидати за инспектор, однодно вработените кои сеуште не се стекнале со лиценца за инспектор, нема да можат д а го остварат правото на овој додаток.“

Во продолжение можете да пристапите до целата содржина на известувањето.

Известување од Министерство за информатичко општество и администрација за додаток на плата

Со почит.

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на ЕБОР – „Поддршка за подобрување на ефективноста на инспекциските служби во Северна Македонија“. Информациите објавени на оваа веб страница не ги одразуваат ставовите на Европската банка за обнова и развој или Владата на Луксембург.

ул. Даме Груев бр.3 блок 2, локал 5

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Контакт телефон: +389 02 310 30 30

Електронска адреса: contact@is.gov.mk