Инспекцискиот совет на својата 380-та редовна седница оддржана на ден 09.10.2024 година, постапувајки по барањата од носителите , издаде трајни лиценци за следниве видови на инспектори : Област 1 – Пазар, работни односи и безбедност и здравје при работа – една лиценца за Државен инспектор за опрема , производи и постројки наменети за користење при […]
На ден 10.09.2024 година, во просториите на Инспекцискиот совет, се одржа воведна сесија во врска со почетокот на интерактивната обука за кандидатите за инспектори, која согласно календарот односно деталниот распоред на изведување на модулите од програмата за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се одвива во период септември-декември 2024 година. На воведната […]
На ден 20.03.2024 година, во просториите на Инспекцискиот совет, се одржа воведна сесија во врска со почетокот на интерактивната обука за кандидатите за инспектори, која согласно календарот односно деталниот распоред на изведување на модулите од програмата за интерактивна обука за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се одвива од крајот на месец март до крајот […]
По успешното приклучување на три државни инспекторати во Информацискиот систем за инспекциски надзор, Е- инспектор, од наредниот месец сите останати инспекторати, за кои е надлежен Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија, ќе се приклучат на овој систем, со што ќе се заокружи проектот за целосна дигитализација на инспекциските надзори.
Инспекцискиот совет најавува дека ќе ја следи состојбата со цените на прехранбените производи по прекинување на важноста на мерката за гарантирани цени, но оттаму велат дека треба малку да се остави и на совеста на производителите и на трговците кои треба да бидат во функција на граѓаните. – Сведоци сме дека Државниот пазарен инспекторат во […]
Во Инспекцискиот совет беше одржана средба на која присуствуваа претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска, членот на Инспекцискиот совет Игор Вељаноски, директорот на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска, со претставници од Socieux+ тело за техничка соработка помеѓу јавните и социјалните партнери, основан и кофинансиран од ЕУ. На средбата претставниците на Socieux+ се информираа за […]
Претседателката Даниела Рендевска и членот Влатко Серафимов од Област 2 – Животна средина и заштита на здравје на луѓето се дел од Обуката на тема “Вовед во еколошка корупција” која е во организација на ЦЕД Флорозон . Обуката е реализирана во Охрид во период од 27-29 ноември. Целна група на обуката се претставниците на основните […]
Во просториите на Инспекцискиот совет беше потпишан договор за давање на трајно користење на движна ствар без надомест – патничко моторно возило марка Форд Фиеста, помеѓу Претседателот на Инспекциски совет г-ѓа Даниела Рендевска и директорот на Државниот девизен инспекторат г-дин Нурфет Карагоски. Според договорот, патничкото моторно возило од страна на Инспекцискиот совет се дава на […]
На ден 17.10.2023 година во просториите на Инспекцискиот совет се одржа состанок на тема “Корупција во животната средина“, на кој присуствуваа: претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, членот на Инспекцискиот совет, Влатко Серафимов надлежен за областа животна средина и заштита на здравје на луѓето, како и претставници од невладини организации од земјите од регионот. Состанокот […]