Членови

Игор Вељаноски

Игор Вељаноски

Инспекциски совет од областа на пазар, работни односи и безбедност и здравје при работа

Член на Инспекциски совет од областа на пазар, работни односи и безбедност и здравје при работа, од 13.08.2022 година. Роден е на 13.07.1979 година во Скопје. Дипломирал на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет, на Универзитетот Св. “ Кирил и Методиј “ , а магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот Св. “ Кирил и Методиј “ и се стекнал со назив : Магистер по право

Влатко Серафимов

Влатко Серафимов

Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето

Роден е на 16.05.1963 година во Кочани, каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал на технолошко металуршкиот факултет во Скопје, каде се стекнува со звање Дипломиран инженер технолог од базно органско и полимерно инженерство.

Ресул Шемо

Ресул Шемо

Инспекциски совет од областа на градежништво, урбанизам и транспорт

Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на студиската програма сметководство и ревизија. Покрај мајчиниот турски јазик, активно го користи македонскиот, албанскиот, англискиот, како и јазиците од поранешна Југославија.

Меџит Јусуфи

Меџит Јусуфи

Инспекциски совет од област на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храната

Дипломира во 2007 година, на Правниот факултет „Јустинијан I“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Положил Нотарски испит во 2012 година и Правосуден испит во 2017 година. Покрај мајчиниот албански јазик, активно ги користи и македонски јазик и англискиот јазик. Од јули до септември 2021 година работи како посебен советник во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Ќеремедин Сељими

Ќеремедин Сељими

Инспекциски совет од областа на образование, наука и култура

Дипломирал во ПМФ во 1995 година, на Универзитетот во Приштина, Република Косово, насока биологија и се стекнал со звање професор по биологија. Покрај мајчиниот албански јазик, активно го користи македонскиот јазик, англискиот јазик (BULATS), има основни познавања на јазиците од поранешна Југославија и францускиот јазик.

Д-р Благоја Гешоски

Д-р Благоја Гешоски

Инспекциски совет од областа на управата

Дипломирал на дефектолошкиот факултет во Белград, а магистрирал и докторирал на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик, јазиците од поранешна Југославија и бугарскиот јазик.