На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, одржана на 5.1.2021 година, претседателката Магдалена Филиповска-Грашкоска упати честитка и им се заблагодараи на сите граѓани, на медиумите, на сите инспектори и полициски службеници кои работеа цела новогодишна ноќ и во наредните денови за да се обезбеди почитувањето на Ковид 19 протоколите и да имаме мирни и безбедни празници.
„Пред нас се уште празнични денови, за кои искрено се надеваме дека ќе поминат во најдобар ред, но уште еднаш апелираме до сите граѓани и стопанственици да имаат трпение и да ги почитуваат мерките, да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања.Надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контолри на терен, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните“- порача Филиповска-Грашкоска .
Во периодот од 28ми декември до 3ти јануари Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, спроведоа вкупно 5.718 надзори и контроли.
Поединечно по инспекторати состојбата е следна:
Државниот здравствен и санитарен инспекторат во периодот од 28ми декември до 3ти јануари изврши 74 надзори, врз основа на кои се изречени шест решенија. Во овој период издадени се вкупно 4.576 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид 19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19.
Анализирајќи ги бројките на издадени решенија за самоизолација, се уште продолжува трендот на намалување, односно во однос на периодот од 20ти до 27 ми декември ( кога беа издадени 6.576 решенија), во текот на минатат недела се издадени 20% помалку решенија за самоизлоација.
Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна, Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.
При спроведените надзори, изречени се 35 прекршочни пријави и 24 решенија за констатираните неправилности, како и 16 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 5 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по два угостителски објекти во Битола и Тетово и за еден угостителски објект во Струмица, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози.
Спредбено со периодот од 21ви до 27ми декември (кога беа затворени 13 угостителски објекти), бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 %.
За време на новогодишната ноќ, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР, спроевдоа голем број на заеднички контроли во угостителските објекти, но како што и веќе напоменав беа констатирани мал број на прекршувања, односно беа затворени два угостителски објекти (Струмица и Битола).
Државниот инспекторат за транспорт изврши 29 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: една прекршочна пријава и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.
Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 440 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 17 решенија и еден прекршочен платен налог. Во овој период од страна на државните инспектори за труд не се констатирани неправилности согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.
Агенцијата за лекови и медицински помагала, спроведе 11 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.
Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 207 надзори, при што издадени се пет решенија, 14 едукации и еден прекршочен платен налог, по основ на нерегистриран оператор, неизвршени здравствени прегледи и неправилно складирање, чување и означување на производи .
Државниот инспекторат за животна средина , во текот на минатата недела изврши вкупно 27 надзори. При тоа, за констатираните неправилности од областа на животната средина инспекторите донесоа две решенија со задолжувања за подобрување на работата на правните субјекти.
Инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во следниот период и неселективно и навремено ќе ги санкционираат сите оние кои преку непочитување на протоколите и мерките го загрозуваат јавното здравје и здравјето на граѓаните.