Инфо денови на Инспекциски совет

Сподели

Претседателката на Инспекциски совет Даниела Рендевска заедно со членот Влатко Серафимов на денешните ИНФО деновите со локалните инспекциски служби ги посетија:
– Општина Карпош каде остваривме средба со Градоначалникот Стевчо Јакимовски и раководителката на Секторот Инспекторат при Општина Карпош, Богданка Милошевиќ Мучева,  и
– Општина Ѓорче Петров на која беа присутни Градоначалникот Александар Стојкоски, инспекторите од Општината и останати претставници.
На средбите се разговараше за сите отворени прашања кои се дел од работната агенда насловена како „ИНФО денови со локалните инспекциски служби“. Имено, „ИНФО деновите“ коишто се од информативно – советодавен карактер, се одржуваат со цел да се помогне на општинските инспекциски служби доследно да го применуваат Законот за инспекциски надзор.
Инспекцискиот совет продолжува со посета на општините низ цела Република Северна Македонија.


Сподели