ИНФО денови со локалните инспекциски служби

Сподели

Претседателката на Инспекциски совет Даниела Рендевска заедно со членот Ресул Шемо во рамки на работната агенда насловена како „ИНФО денови со локалните инспекциски служби“ со денешната и вчерашната посети ги опфатија Општина Струга, Општина Вевчани, Општина Охрид и Општина Дебрца и остварија средби со:
– Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на општината Александар Китески
– Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески
– Градноначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски и
– Раководителот на Инспекциската служба при Општина Струга
На средбите со Општина Охрид и Општина Струга се разменија искуства во однос на примената на Законот за инспекциски надзор, како и продолжување и унапредување на соработката меѓу државните и општинските инспектори.
Општините Вевчани и Општина Дебрца немаат општински инспектори и во разговорите со нив беше ставен акцет на можностите за вработување на општински инспектори.
Инспекцискиот совет продолжува да остварува посети низ целата држава.


Сподели