Ве известуваме дека согласно член 88 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 135/2025), кој започнува да се применува од 1 јануари 2026 година, Инспекцискиот совет престанува со работа (се укинува).
Со тоа, надлежностите и активностите поврзани со инспекцискиот надзор ќе продолжат да се спроведуваат согласно новите законски решенија и организациски промени предвидени со наведениот закон.