Согласно член 2 став 3 од Правилникот за начинот за спроведување на испитот за стекнување со лиценца за инспектор („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 238/2019), во пресрет на Јануарската испитна сесија, Инспекцискиот совет ги утврди следните термините за полагање на испит за стекнување со лиценца за инспектор – општ дел, и тоа:
Термин1
1.2.2021
Термин 2
2.2.2021
Термин 3
3.2.2021
1 9.00-10.30 9.00-10.30 9.00-10.30
2 11.00-12.30 11.00-12.30 11.00-12.30
3 13.00-14.30 13.00-14.30 13.00-14.30
Најдоцна 15 дена пред одржувањето на испитот, Советот по електронски пат ќе го извести секој кандидат за инспектор, поедеинечно, за време и место на полагање на општиот дел од испитот.
Испитот ќе се спроведе во просториите на Инспекцискиот совет лоциран на ул. „Даме Груев“ бр.3, блок 2, локал 5, во Скопје, во просторија која е материјално и технички опремена со соодветна информатичко-комуникациска опрема.
Општиот дел од испитот се полага со одговарање на електронски тест на компјутер.
Тестот брои вкупно 45 прашања, по 15 од секој степен на сложеност (ниска, средна и висока сложеност) во кои се опфатени темите од осумте модули од интерактивната обука.
Времетраењето за полагање на општиот дел од испитот изнесува 90 минути.
За секое прашање се понудени четири можни одговори од кои само еден е точен. Вкупниот збир на бодови за испитните прашања вклучени во тестот изнесува 90.
Испитот се смета за положен, доколку кандидатот освои најмалку 60 бодови.
Резултатот и исходот од реализраниот испит, е достапен веднаш по завршување на полагањето.
На тој начин кандидатот се информира за остварените резултати.
Секое манипулативно дејствие за време на полагањето кое е спротивно на начинот за полагање на испит и е конкретно утврдено во Правилникот за начинот за спроведување на испитот за стекнување со лиценца за инспектор, ќе се смета за недопуштено и кандидатот ќе биде отстранет од испитот.
Во овој случај ќе се смета дека кандидатот остварил негативни поени,односно не го положил општиот дел од испитот.
Ви посакуваме успех
Со почит
Инспекциски совет