Денес по просториите на Инспекциски совет се одржа координативен состанок, кој го отвори Заменик на Претседателот на Влада на РСМ за политики на добро владеење Славица Грковска и Претседателката Даниела Рендевска ,а на истиот беа присутни членовите на ИС , претставници од Агенцијата за заштита на личните податоци и директорите\ раководителите на инспекциските служби.
Разговаравме за соодветната законска форма за објавување на записниците од завршените надзори и за сите останати дилеми поврзани со унапредување на транспарентноста на инспекциските служби.
Инспекторите се лицето на институцијата и на државата ,затоа што тие се во секојдневен контакт со граѓаните.
На состанокот се осврнавме на значењето за дигитализацијата на инспекциската постапка , со која драстично се намалуваат ризиците од корупција при вршењето на надзорите. Инспекторатите кои се дел од Е – инспектор веќе ги согледуваат придобивките од дигитализацијата во секојдневната работа и затоа е важно да се продолжи со интензивни подготовки во оваа насока и за сите останати инспекциски служби.