Во согласност со член 70, став (2) од Законот за инспекциски надзор, инспекциските служби донесуваат листи за проверка за соодветните области на надлежност, кои се објавуваат на нивните веб страници.
Инспекциските служби своите листи за проверка ги изработуват самостојно, но и со поддршка на Проектот – Поддршка за подобрување на ефикасноста на инспекциските служби.
Корисни информации за употребата, улогата и значењето на листите за проверка
Во рамки на тековниот Проект Е-инспектор – продолжување на поддршката на инспекциските реформи во Северна Македонија, поддржан од Европската банка за обнова и развој, се изработи Анализата за употребата и влијанието на Листите за проверка при спроведувањето на инспекцискиот надзор кај субјектите на надзор. За потребите на Анализата, а со поддршка на стопанските комори во Северна Македонија, се спроведе анонимна анкета врз правни лица (субјекти на надзор), со цел да се испита ефектот од досегашната употреба на листите за проверка. Врз основа на добиените резултати од Анализата Инспекциски совет подготви Корисни информации за употребата, улогата и значењето на листите за проверка.
Корисни-информации-за-употребата-улогата-и-значењето-на-листите-за-проверка (1)
Врски кон листи за проверка на инспекциските служби
Државен управен инспекторат
Државен инспекторат за земјоделство
Државен инспекторат за животна средина
Државен инспекторат за градежништво и урбанизам
Министерство за култура – Сектор за управен и инспекциски надзор
Министерство за труд и социјална политика – Сектор за инспекциски надзор над примената на законските и другите прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата
Државен инспекторат за труд
Државен пазарен инспекторат
Државен инспекторат за техничка инспекција
Државен санитарен и здравствен инспекторат
Државен просветен инспекторат
Министерство за здравство – Сектор за хемикалии
Државен комунален инспекторат
Министерство за транспорт и врски – Капетанија на пристаништа
Агенција за лекови и медицински средства
Дирекција за радијациона сигурност