Меџит Јусуфи

Член на Инспекциски совет од област на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храната

Е-пошта: m.jusufi@is.gov.mk
Телефон: 070270549

(Државен инспекторат за земјоделство, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Агенција за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор)
Член на Инспекциски совет од област на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храната од 3.10.2021 година.
Роден на 5.12.1978 година во Зајас.
Дипломира во 2007 година, на Правниот факултет „Јустинијан I“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Положил Нотарски испит во 2012 година и Правосуден испит во 2017 година.
Покрај мајчиниот албански јазик, активно ги користи и македонски јазик и англискиот јазик.
Од јули до септември 2021 година работи како посебен советник во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
Од 2018-2020 година, работел во Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, како Заменик Претседател на Советот на јавните обвинителни на Република Северна Македонија.
Од 2016-2018 година, работел во Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, како Член на Советот на јавните обвинителни на Република Северна Македонија
Од 2013-2016 година, работел во Општина Кичево, како Раководител на Секторот за нормативни правни и општи работи, 2010 – 2013 работел во Општина Зајас како Раководител на Секторот за нормативни правни и општи работи, додека пак од 2009 до 2010 година бил општински инспектор за комунални работи на Општина Зајас.
Во периодот помеѓу 2005 и 2008 година работел во приватниот сектор како советник за правни работи, менаџмент и човечки ресурси и судски спорови.