Претседател на Инспекциски совет од 3.8.2017 година.
Родена е на 10.1.1982 година во Скопје.
Дипломирала во 2005 година на Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет „Јустинијан Први“, отсек правни науки, а во 2010 година магистрирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Правен факултет „Јустинијан Први“, во областа на деловното право (Трговско право, Заштита на потрошувачи, Меѓународни трговски договори, Преземање на друштва, Корпоративно управување, Банкарско право, Стечајно право, Финансиски и стратегиски менаџмент, Маркетинг, итн.).
Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик (CEFR ниво – Ц1).
Целосно е компјутерски писмена, вклучувајќи користење на Windows™, MS Office™ (Microsoft Office Specialist for Word 2013) и други специјализирани програми.
Во повеќе од две – децениската професионална кариера, работела на повеќе работни и раководни места во јавната администрација на Република Северна Македонија, вклучувајќи ги Секретаријатот за законодавство на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за финансии.
Присуствувала на бројни меѓународни и домашни конференции, семинари и работилници, а поседува и сертификати за обучувач, управување со човечки ресурси и управување темелено на компетенции.