Член на Инспекциски совет од област на надзор на пазарот, работни односи и безбедност и здравје при работа од 3.8.2017 година.
Родена на 1.1.1962 година во Битола.
Основно образование и Гимназија заврши во Битола, а дипломира во 1986 година, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во областа на општествените науки (ННСГ- социологија).
Покрај мајчиниот македонски јазик, активно го користи англискиот јазик (ФЦЕ ниво – Б2), како и јазиците од поранешна Југославија.
Целосно е компјутерски писмена, вклучувајќи користење на Windows™, MS Office™ (Microsoft Office Specialist for Word 2013) и други специјализирани програми.
Од 1995-2014 година работела во АВРМ-Центар за вработување Битола, на работно место Советник-Координатор.
Во периодот од 2014-2016 година била Пратеник во Собранието на РСМ.
Присуствувала на бројни меѓународни и домашни конференции, конгреси, семинари и работилници.